С-Р-А-Њ-Е !

Picture
Ф.К Македонија Ѓорче Петров - Ф.К Бутел 2-3 (2-0).Рововска фудбалска битка, на стадионот во Ѓорче Петров! Прекрасен фудбал, пожртвуваност , 5 евро-гола, 4 црвени картони и што ли уште не, се само дел од случувањата на неделното ФУДБАЛСКО шоу, во кое поуспешни беа гостинските играчи. D.H им ја честита заслужената победа, и им посакува многу понатамошни успеси, како во фудбалот, така и во останатите гранки на бизнисот и економијата. Поздрав и до г-дин Рањо !
D.H како и секогаш, и на овој натпревар присутни, заебанции на трибина, многу ракија и пиво, опуштено во наш стил ја изгуравме цела утакмица. Вреди да се спомене единствено гостинот од Пробиштип - поточно од навивачката група Багабонти, со што се означува и неофицијално почетокот на нашето меѓусебно пријателство. Во фото архивата ќе најдете некоја слика, поздрав.
п.с ПРОБИШТИП - ЃОРЧЕ !


НОВО НОВО НОВО !

Picture
Изработени се нови дуксери ! Повеќе слики во маркетинг !!!

Назад на работа!

Picture
Конечно започна и пролетната полусезона од фудбалската 2010/2011, која сите сакаме што побргу да помине.
Досаден фудбал, лоши терени, "стадиони", е се што видовме во есенската полусезона, па според тоа не очекуваме ништо подобро и сега. Само ќе се обидеме да ја разбиеме монотонијата, правејќи забава на наш начин, како што правевме. Уште на почетокот имавме задача да направиме добра забава во лоши услови,натпревар со ССК Драчево, во истоимената населба. Врнежливо време, кал, никаков фудбал и две девојки беше се што видовме...но сето тоа не не спречи да си поминеме убаво, а тоа ќе го видите низ сликите.
Посебен извештај нема да се поставува, освен тоа што сакам да нагласам дека како и секогаш така и сега, гостувањето, пиротехниката и останатиот дел од материјалите беа обезбедени по пат на самофинансирање.
Слики може да најдете во фото архивата. Срдечни поздрави од екипата од џипот.


Конечно!

Конечно, навивачката група Division Hanrievo, со свое место за промоција на интернет!
Веб страната е далеку од професионална и е направенa пред се за информирање на навивачката јавност во врска со активностите кои ги превзема групата.
Редовно, односно после секој натпревар  ќе бидат презентирани извештаи во врска со навивањето, ќе бидат поставени слики и видео материјали.


ИЛИ СИ СО НАС ИЛИ СИ ПРОТИВ НАС ! D.H